|

Една жена од Хаити е уапсена на аеродромот Форт Лодердејл на Флорида, кога цариниците во нејзиниот багаж пронашле човечка глава. Мирлен Север објаснила дека главата и била потребна за вуду ритуали. Жената е обвинета за криумчарење “бидејќи на царина не пријавила човечка глава” и за пренос на опасни материјали, поради што таа може да биде осудена на 15 години затвор. Иако 80% од жителите на Хаити се римокатолици, а 16% протестанти, повеќе од половината се занимаваат со вуду магија.
|