Испрати ја оваа страна

ОдДо
*


*


страница од Таратур - www.taratur.com

Текстот од пораката

Објавено од Уредникот во Понеделник, 08/01/2007 - 16:27 | Спорт

Карлос Диого од Сарагоса од радување по победата против Севиља предизвика тепачка. Имено, како што тврди, случајно го нагазил Луис Фабијано, што беше доволно овој да почне со туркање, па си разменија и по некој бокс, а да не ги разделеа, којзнае со каков епилог ќе завршеше тепачката.

- Навистина, го згазнав Фабијано, но не беше тоа намерно. Откако се степавме, му се извинив – вели Диого и додаде дека сепак со Фабијано се разделиле пријателски. Ова „пријателство“ секако нема да остане неказнето.

Севиља изгуби од Сарагоса со 2-1. Головите за Сарагоса ги постигнаа Диого во 14-та и Милито во 51-та минута, додека за Севиља стрелец беше другиот борбен учесник Луис Фабијано кој во 70-та минута успеа само да го ублажи поразот. И по овој пораз Севиља е прва во шпанската Примера, откако Барселона одигра реми против Гетафе, а Реал беше поразен од Депортиво.

  • Таратур најубаво се срка со резолуција најмалку 1024*768 со Mozilla Firefox
  • Сите права задржани
  • Taratur © 2006