 Она за што голем дел од Македонците сеуште се сомневаат, историјата, минатото и сите придобивки на светската цивилизација од македонската култура, од Филип и Александар, па Апостол Павле, преку Кирил и Методиј и писмото кое денес го користи пола Европа, се најде и на еден од светски најпопуларните портали и пребарувачи Yahoo.
Впрочем во Yahoo Adventures, заслужено, свое место доби и Македонија, по репортажата на Richard Bangs, овој пат заедно со Паско Кузман, да им ги пренесат на светот убавините и благопријатностите на нашата прекрасна земја. 
Факти за Македонија
- Се граничи со Грција, Бугарија, Србија и Црна гора и Албанија
- Дел од поранешната Социјалистичка република Југославија
- По површина малку поголема од Вермонт
- Население 2,050,554 (според пописот од 2006.)
- Домот на Александар Македонски
- Клеопатра била потомок на Македонците
- Родно место на Кирилицата
- Првата земја во светот целосно покриена со безжичен интернет. 
Изучувачите на Библијата, ја познаваат како местото на кое апостолот Павле го вовел христијанството во Европа. Пред два милениума Македонија била најмоќното место на планетата. Во четвртиот век п.н.е. младиот принц Александар започнал поход за освојување и обединување на целиот познат свет. Со јадро од 40-илјадна војска, од планинското кралство на север од Грција, тој успеа да стане најголемиот војсководач во светот. Прво ги покори Грција, потоа Персија а по нејзе и цел Египет и Индија. 
Целата приказна овде
|