Објавено на Таратур (http://www.star.taratur.com)

Германија - Мека на проститутките

By admin
Created 06/06/2006 - 06:35

Со зголемената побарувачка на сексуални услуги во текот на Светското првенство во фудбал кое ќе се одржи наредниве триесет и нешто дена во Германија, би можела да се зголеми трговијата со луѓе и присилувањето на проституција, објави во понеделникот американската администрација.

- Со оглед на големината на настанот, загрижува потенцијалот за зголемување на трговијата со луѓе, потикнат од тие спортски игри (се мисли на фудбалот) – наспроти напорите на германската влада во борбата против нелегалната трговија со луѓе поради сексуални услуги, вели американскиот Стејт Департмент во својот годишен извештај.

Џон Р. Милер, главен советник во Стејт Департментот за трговија со луѓе, на новинарите им рече дека американската администрација им ја пренела својата загриженост на германскиот амбасадор во Вашингтон.

- Постојат информации за илјадници жени кои се префрлени во Германија поради проституција во текот на Светското првенство – изјави Милер.


Податоците доаѓаат од:
http://www.star.taratur.com/node/695