Објавено на Таратур (http://www.star.taratur.com)

Tом Круз најдобра мамка

By admin
Created 28/01/2006 - 06:34

Том Круз (Tom Cruise), кој настапуваше во минатогодишниот филмски хит Војна на световите (War of the Worlds), седми пат по ред е прогласен за филмска ѕвезда која привлекува најмногу кино посетители според истражувањето на Quigley Publishing Co. Том Хенкс, Клинт Иствуд, Барт Рејнолдс и Бинг Крозби единствено оваа титула ја носеле по пет пати. The Quigley Poll своите истражувања ги објавуваат секоја година од 1932 па наваму, а до нив се доаѓа преку испитување на водечките кинооператори кои гласаат за десет филмски ѕвезди кои привлекуваат најмногу публика. Втор на листата е Џони Дип. Анџелина Џоли и Бред Пит се изедначени на третата позиција, а веднаш позади нив следуваат Винс Воун, Џорџ Клуни, Вил Смит, Риси Витерспун, Адам Сендлер и минатогодишниот победник Том Хенкс.


Податоците доаѓаат од:
http://www.star.taratur.com/node/39