|

Факт е дека во светот се обложуваат на се и сешто. Можете да се обложите на секакви спортски натпревари, трки со се што се движи и на секакви други работи ...Можете да се обложите и кој ќе победи на Евровизија. Нашата претставничка според обложувалницата Skybet е на 17 место од 37 земји учеснички со коефициент 28. Значи за вложени 100 денари добивате 2800. Па вреди да се проба нели?
Инаку, најдобро рангирана (со најмал коефициент) е претставничката на Грција, Anna Vissi (иако се сомневам во уште еден успех на нашите ружни соседи), на второ место е Carola од Шведска, а хрватската претставничка со штиклите е петта со коефициент 12.
Најлошо рангирани се претставниците на Франција, Молдавија, Португалија, Бугарија и Андора со коефициент 100.
|