
Група вооружени, засега непознати лица, во вторник вечерта упаднала во банкарски сефови во близината на Лондон и според неофицијални податоци, однела плен од 60 милиони евра, јавија британските гласила.
Облечени во полицајци тие го нападнале шефот на сефовите, а потоа со грабнувањето на неговата жена и синот го принудиле да ги пушти во строго обезбедуваните простории.
Оваа кражба е најголема во историјата на Велика Британија, а последниот поголем грабеж се случи пред две години, кога крадци од една банка во Северна Ирска однесоа околу 37 милиони евра. (макфакс)