Грабеж на столетието во Англија

Објавено од Уредникот во Четврток, 23/02/2006 - 18:08 | Земјата на чудата

Група вооружени, засега непознати лица, во вторник вечерта упаднала во банкарски сефови во близината на Лондон и според неофицијални податоци, однела плен од 60 милиони евра, јавија британските гласила.
Облечени во полицајци тие го нападнале шефот на сефовите, а потоа со грабнувањето на неговата жена и синот го принудиле да ги пушти во строго обезбедуваните простории.
Оваа кражба е најголема во историјата на Велика Британија, а последниот поголем грабеж се случи пред две години, кога крадци од една банка во Северна Ирска однесоа околу 37 милиони евра. (макфакс)

  • Таратур најубаво се срка со резолуција најмалку 1024*768 со Mozilla Firefox
  • Сите права задржани
  • Taratur © 2006