Објавено на Таратур (http://www.star.taratur.com)

Мојот грев, мојот огромен грев

By admin
Created 12/01/2007 - 20:16

Еден непромислен потег од младоста му донесе 36 години бессони ноќи и цело време грижа на совест. Не можејќи да ја поднесе вината, конечно се одлучи да го признае својот грев и да бара прошка!

Во дамнешната 1970г. еден Германец, чиј идентитет не е откриен, бил на патување во Скандинавија со девојката, денес сопруга и помладиот брат. На турнејата во ладниот север, тројката запрела и во малото норвешко градче Лом.

Од непознати причини, тогаш младиот Германец од една продавница за сувенири украл неколку ситници во вкупна вредност од 15 долари.

Оттогаш, ниедна вечер не легнал мирен в кревет, го мачела страшна грижа на совест, која од година на година станувала се поголема.

Животот му течел и понатаму, но немилиот настан не можел никако да го заборави.

„Затоа, за да ја исчисти совеста и да си осигура мирен сон, тој прати чек на 375 долари во малиот планински град Лом и побара од градските власти да го пронајдат сопственикот на продавницата и да му го дадат“, изјави градоначалникот на Лом, Симен Бјорген.

„Совеста ме мачеше со години. Се надевам дека ќе ја смирам со овој чек и затоа барам ваша помош“, напишал покајникот во писмото во кое сакал да остане анонимен. „Исто така би сакал да замолам за прошка“.

Градоначалникот успеал да го пронајде пензионираниот сопственик и му го дал чекот, а потоа му пратил писмо и на Германецот во кое му порачал дека сопственикот на продавницата му простува и дека ги дал парите на локалниот старски дом, за со нив да се направи нешто добро за жителите од тоа градче.


Податоците доаѓаат од:
http://www.star.taratur.com/node/1890