|

Камерон Диаз и Џастин Тимберлејк конечно и јавно го признаа тоа што американските медиуми веќе подолго време го нагаѓаа. Двојката и официјално обзнани дека раскинуваат.
„Наш избор отсекогаш беше да не го коментираме нашиот приватен живот, но со почит према времето што го поминавме заедно, се чувствуваме повикани да ги расветлиме нагаѓањата кои кружеа по медиумите во последниве неколку дена, а од кои некои беа неточни. Вистина е дека ја прекинавме нашата романтична врска. Раскинот беше взаемен и пријателски, така што ние секогаш меѓусебно ќе се сакаме и почитуваме“ – стои во заедничката изјава што „раскинатата“ двојка ја упати до медиумите, со желба да им стават крај на шпекулациите кои беа актуелни.

Имено, медиумите пишуваа дека Камерон го „корпосала“ популарниот пејач (и поранешен дечко на Бритни Спирс), додека Џастин и го „фрлил окцето“ на моментално најпосакуваната актерка на светот, Скарлет Јохансон, па дури и ја ангажирал во најновиот спот.

|