Радиоактивниот Џони Дип

Објавено од Уредникот во Петок, 12/01/2007 - 19:30 | Шоу Бизнис

Набрзо по смртта на рускиот шпиун Литвиненко, се појавија разни шпекулации за екранизација на случајот. Само што Британците тргнаа во предпродукција, во приказната влезе и Џони Дип и ја однесе преку океанот.

Деновиве во Холивуд жешка вест е гласината дека продукциската куќа од Џони Дип, Инфинитум Нихил, ги откупила правата на книгата за животот и смртта на отруениот руски агент Александар Литвиненко.

Литвиненко и стана познат на светската јавност во средината на ноември минатата година, кога беше отруен во ресторан со радиоактивниот елемент полониум, а пред смртта изјави дека со целата таа операција диригирал рускиот претседател Путин.

Книгата Приказната од Саша: Животот и смртта на рускиот шпиун (Sasha's story: The Life and Death of Russian Spy), која ја пишува уредникот на Њујорк Тајмс, Алан Коуел (Alan Cowell) ќе биде екранизирана од Варнер Брос, а Џони Дип како шеф на продукција, поради големиот интерес од публиката, најверојатно ќе ја игра и главната улога.

  • Таратур најубаво се срка со резолуција најмалку 1024*768 со Mozilla Firefox
  • Сите права задржани
  • Taratur © 2006