|

Уште еден доказ дека турбофолкот е неуништлив. Напротив, доживува суперекспанзија. Почнаа Србите, Босанците, па Бугарите, пробавме и ние, а сега и Кинезите. Да живее турбофолкот, да живее новата кинеска турбофолк револуција!
Бања Лука има најоригинална турбофолк пејачка – Кинеската Чи Ксиао Јин (фото, Блиц), која со необичниот спој на народна музика и егзотичниот источен изглед привлекува многу посетители во тамошните клубови и кафани, а моментално бара менаџер за да може стекнатата популарност да ја преточи во „хартии од вредност“.
Дваесетгодишната Чи Ксиао Јин (Chi Xsiao Yin) предизвикала големо внимание во Бања Лука бидејќи најверојатно е единствената Кинеска во светот која пее турбофолк и тоа, како што велат познавачите, мошне добро.
Иако во почетокот имала проблеми со изговорот на српскиот јазик, особено со буквата „р“, упорното вежбање вродило со плод, па многумина кои за првпат ја слушаат и не можат да забележат дека се работи за девојка од Кина, пишува српски Блиц.
„Отсекогаш сакав да пеам, а ме наговорија пријателите и пред две години почнав да пеам со нивната група. Во почетокот беше смешно, бидејќи многу зборови не ги изговарав најдобро. Не ми беше тешко да го научам јазикот, бидејќи кога нешто се мора, не е проблем“, изјави таа за Блиц.
Со доаѓањето во Бања Лука сфатила дека турбофолкот и лежи многу повеќе отколку кинеските песни, а во создавањето на необичната кариера голема поддршка и дале семејството и пријателите.
„Пријателите од Кина знаат дека овде сум легенда, но секогаш ми зборуваат да не пеам бесплатно. Засега на луѓето им е интересно тоа што сум од Кина, но ќе видиме како работите ќе се развиваат“, изјави Чи за Блиц.
Од Кина дошла пред пет години, а моментално работи во продавница која е во сопственост на нејзините родители. „Родителите немаат ништо против моето пеење, но факт е дека трошоците се поголеми од заработувачката. Во Бања Лука ми е супер, се навикнав на домашната храна, а обожавам џимиринки, кајмак и сарма“, вели новата косоока турбофолк ѕвезда.
Во нејзиниот репертоар се наоѓаат песни од сите водечки турбофолк пејачки, од кои Цеца и е најдрага. Откако со задоволство ја испеала Громе мој на ХРТ и најголемата српска ѕвезда изјавила дека е одушевена што една Кинеска ги пее нејзините песни.
|