Нигериска Сахара крие тајни за животот на Земјата пред времето на диносаурусите. Пронајдени се нови видови на животни слични на крокодилите и на големите рептили кои живееле на копно и во вода.
Бројни фосили од растенија и животни кои живееле 50 милиони години пред периодот на диносаурусите, деновиве беа пронајдени од меѓународна група стручњаци во песокта на нигериска Сахара, изјави францускиот палеонтолог Jean-Sebastien Steyer.
Научниците притоа ги пронајдоа првите остатоци на фосили од времето на прекамбриумот во западна Африка, како и стебло од дрво долго 25 метри.
Ова откритие би требало да овозможи подобро да се сфати климата од тој период кој му претходел на појавата на диносауруси, заклучи истражувачот кој работи во Државниот природонаучен музеј во Париз.
Американски, холандски, јужноафрикански и француски палеолози и геолози со помош на археолозите од универзитетот во Ниамеи работеа на подрачјето Арлита и вдолж западниот брег на масивот Ајр (помеѓу Агадез и Арлита) каде на површината на земјата избиваат карпи од добата перм, последен период од палеозоикот.
Научниците пронајдоа нови видови од перм периодот кои досега беа непознати, веројатно месојадци кои живееле на копно и во вода, наречени Нигерпетон и Сахарастег, слични на крокодили и големите рептили тревопасци Морадисаурус и Буностегос.

Истражувачите инсистираат на тоа дека поседуваат важни наоди, со кои ќе може подобро да се разбере важноста на Африка во развојот на Земјата, 50 милиони години пред појавата на диносауруси.