|

Веднаш откако челниците на Ал Итихад се договорија со Луис Фиго, а ден подоцна испратија понуда од 20 милиони евра за Роналдо, сега најавија уште едно звучно име – Чехот Павел Недвед.
Фиго ќе пристигне во Саудиска Арабија во јули, а за Роналдо се уште ништо не се знае, но амбициозните Арапи најавуваат уште многу засилувања, кои воглавно се од славни фудбалери кои се на залез на својата кариера.
Денес Фиго за италијанска Газета изјави дека парите не биле одлучувачки фактор, туку тоа што бил свесен дека повеќе не може да го дава максимумот.
Ал Итихад вчера започна преговори со Јувентус, за шестмесечна позајмица на Чехот, кој би требало покрај Фиго да претставуваат носители на играта, а доколку и Роналдо се согласи тоа најверојатно ќе биде неприкосновен тим во Азија.
|