|

Фудбалскиот клуб од Саудиска Арабија, Ал Итихад има намера да ги засили своите редови и до поранешниот најдобар фудбалер на светот, Бразилецот Роналдо.
Шпанскиот спортски дневник Ас, наведува дека Ал Итихад веќе доставил понуда до Реал од неверојатни 20 милиони евра за услугите на Роналдо.
Неименуван извор од клубот за агенцијата Франс прес изјавил дека од вкупните 25 милиони долари (20 милиони евра), седум би биле за „Кралскиот клуб“, додека 18 би му припаднале на Бразилецот за да потпише на тригодишна верност со Ал Итихад.
Пред некој ден, тренерот на Реал, Фабио Капело побара од спортскиот директор Предраг Мијатовиќ да „им го најде чарето“ на Роналдо, Касано и Дејвид Бекам, затоа што веќе не смета на нив.
Управата на Ал Итихад неодамна успеа да го убеди и славниот португалски фудбалер Луис Фиго за на 1 јули да премине во Саудиска Арабија. Ал Итихад ќе му плати на Интер 4.5 милиони евра за неговите услуги.
|