|
Таман помисливме дека Махмуд Ахмадинеџад е најекстремниот антисемитист во моментов, со уште полуди теории околу холокаустот, се појави уште еден. Овој е многу позабеган.
Хасан Болкари (Hassan Bolkhari) професор по филозофија на два ирански универзитети објаснува како децата потпаѓаат под еврејска пропаганда. Впрочем крив е Том, а уште покрив е Џери. Е па, ај да не должиме многу:
„Има цртан кој децата го сакаат. Многу го сакаат, а го сакаат и возрасните. Тој цртан е Том и Џери. ....
Некои велат дека овој цртан филм од Волт Дизни ќе се помни вечно. Еврејската компанија Волт Дизни со него стекна меѓународна слава.
Се уште го прикажуваат низ цел свет. Цртаниот филм го одржува својот култен статус поради симболиката на мачка и глушец (?), а посебно на глушец.
Некои велат дека главната причина за создавање на овој цртан е бришење на еден погрден израз кој бил доминантен во Европа.
....
Ако ја проучите европската историја од 19 век, ќе видите кој имал најмногу моќ и кој приграбил најмногу пари. Во поголемиот број случаи тоа биле Евреите. Ова е можеби главната причина поради која Хитлер го поттикна антисемитскиот тренд, кој понатаму предизвика интензивна пропаганда за крематориумите. Дел од таа пропаганда е вистинит. Не порекнуваме се. Погледајте Шиндлеровата листа. Секој Евреин го терале да носи жолта ѕвезда на облеката. Евреите биле нарекувани гнасни глувци. Цртаниот филм Том и Џери е направен да се промени перцепцијата за глувците, бидејќи Евреите биле нарекувани гнасни глувци.
Сакам да ви кажам нешто... Треба да ви напоменам дека глувците се лукави животни... А, и валкани.
Цртаниот филм Том и Џери е направен да ги прикаже всушност потполно поинаку глувците. Ако утре го гледате тој цртан, имајте на ум што ви реков денес и гледајте го од оваа перспектива. Глушецот е многу паметен и итар. Ја разбива мачката. Но таа грубост не ве тера да го замразите глушецот. Се што тој ќе направи е толку слатко. Симпатичен е и паметен. Тоа е направен токму за да ја избрише сликата на глушецот како валкано животоно од мозокот на европските деца. За жал, имаме многу такви случаи и холивудски емисии.“
Е, па драги мои, мислевте дека бевте заљубени во обичен цртан филм создаден од Бил Хана и Џозеф Барбара? Симпатично глувче, а?
Е, не, ете ја вистината! Вие гледате еврејска пропаганда од Волт Дизни!
Иако даскалот Болкхари ја згреши малку работата. Мики Маус е глушецот од Дизни!
А, има и други примери од цртаните филмови кај што ни беше перен мозокот. Пример, за младиот еврејски крал (Кралот лав) што се враќа во ветената земја, па „Покахонтас“ која ги разбива традиционалните поделби на машка и женска улога во општеството, а да не спомнуваме па за „Мојсеј“!
Иако ова се чини смешно, сепак говорот на професор Болкхари не е само за потсмев. Професорот е угледен и влијателен во Иран. Покрај другото, воспитува студенти. Кои треба да ги осознаат цртаните филмови како дел од пеколниот план на Евреите да го завладеат светот!
|