Објавено на Таратур (http://www.star.taratur.com)

Почина Џозеф Барбера

By admin
Created 19/12/2006 - 23:27

Почина еден од најславните аниматори на сите времиња. Таткото на Том и Џери, Кременковци, Скуби Ду, Тошо мачорот и многу други.

Легендата на холивудската индустрија на цртани филмови Џозеф Барбера, член на славниот тим Хана - Барбера, почина во понеделникот во 95-тата година, соопшти филмското студио Варнер Брос.

Џозеф Барбера (десно, на сликата) и Вилијам Хана ги создадоа незаборавните ликови на Том и Џери, мечето Јоги, Скуби - Ду, семејството Флинтстоун (Кременковци), Тошо мачорот и многу други.

Тие започнале заедно да работат во 1937 година во студиото Метро - Голдвин – Маер, Барбера како аниматор, а Хана како режисер.
Дваесет години подоцна го основале сопственото студио Хана - Барбера.

Вилијам Хана почина во 2001 година на возраст од 90 години.


Податоците доаѓаат од:
http://www.star.taratur.com/node/1786