Mary Carey е порно ѕвезда

Објавено од Уредникот во Понеделник, 11/12/2006 - 13:20 | Шоу Бизнис

Пејачката Мараја Кери ќе ја тужи порно актерката Мери Кери. Вели дека и го украла името. Порно дивата тврди дека не се плаши така лесно.

Познатата американска пејачка Мараја Кери (Mariah Carey) и се закани со судска тужба на порно актерката Мери Кери (Mary Carey), доколку таа не престане да се рекламира под името кое звучи слично на нејзиното. Мараја смета дека лесно може да дојде до недоразбирање кај нејзините фанови.

Порно актерката Мери Кери, чие вистинско име е Мери Кук, изјави дека не се плаши од легалната акција што Мараја има намера да ја покрене против неа.

“Подготвена сум да се борам против Мараја околу ова бидејќи јас долго го носам ова уметничко име. Ова е помалку смешно бидејќи јас сум порно ѕвезда и не верувам дека ќе дојде до забуна помеѓу нејзините и моите фанови“, изјави порно дивата за Ројтерс.

Актерката под името Mary Carey наводно настапува од 2002 година, кога се бореше против Арнолд Шварценегер за позицијата гувернер на Калифорнија.

Добитничката на Греми награда, Мараја Кери, се плаши од можни забуни кои сличните имиња би можеле да ги предизвикаат и таа сака да го заштити своето име на аудио и видео снимките.

Дури и адвокатот на порно актерката, Дејвид Бичман, смета дека Мараја има мали шанси за добивање на судската битка за имињата.
„Мојата прва мисла беше: ’Свесна ли е Мараја со кого се споредува’? Зарем навистина мисли дека обожавателите ќе ги помешаат овие две уметнички“?

  • Таратур најубаво се срка со резолуција најмалку 1024*768 со Mozilla Firefox
  • Сите права задржани
  • Taratur © 2006