Оргија на играчите од Сандерленд

Објавено од Уредникот во Петок, 08/12/2006 - 03:28 | Спорт

Менаџерот на Сандерленд, славниот Ирец Рој Кин, синоќа целосно откачи кога се разбра дека тројца негови играчи – голманот Бен Алнвик (Ben Alnwick), крилото Лиам Лоренс (Liam Lawrence) и напаѓачот Крис Браун (Chris Brown) учествувале во оргија со навивачка на Сандерленд која била со „изразито бујни гради“, пишува англискиот таблоид "Sun".

Оргиите, во кои учествувале шестмина, се одвивале во еден стан, а главна „мета“ била една мистериозна бринета, која ја викале Стиви (Stevie).

Видеото кое трае седум минути, а прикажува експлицитни сцени со секс и самозадоволување на дотичните играчи, моментално не е достапен за јавноста и го има само Сан.

Портпаролот на Сандерленд Лесли Калахан изјави за Сан, дека е недозволиво тоа што се случило и дека играчите ќе бидат драстично казнети.

  • Таратур најубаво се срка со резолуција најмалку 1024*768 со Mozilla Firefox
  • Сите права задржани
  • Taratur © 2006