Објавено на Таратур (http://www.star.taratur.com)

Илегалните абортуси годишно убиваат 68.000 жени

By admin
Created 25/11/2006 - 14:11

Абортусите изведени кај разни надри-лекари годишно убиваат преку 68.000 жени, а милиони други завршуваат со тешки инфекции.

Американска студија опфати 13 земји во кои медицинскиот абортус е недостапен дали поради законите или сиромаштија, но и во некои земји каде што е легализиран.

Најлошо е во Африка поради сиромаштијата, но и традицијата жените да бараат помош од разни „бабици“ и врачеви. Така од 1000 жени во Уганда, 16 проценти побарале докторска помош по абортусот. Според студијата, во развиените земји таа стапка е околу 5 посто.

- Страшната бројка е толку потрагична што сите смртни случаи и повреди би можеле да се избегнат. Со легализација, абортусот би станал многу посигурен – изјави за BBC Susheele Singh, која го водеше истражувачкиот тим.

Пред неколку години, цел брод под холандско знаме, овозможуваше абортирање на граѓанките од држави каде што е илегален.


Податоците доаѓаат од:
http://www.star.taratur.com/node/1654