Објавено на Таратур (http://www.star.taratur.com)

Денес е меѓународниот ден на детето

By admin
Created 20/11/2006 - 16:00

Светскиот ден на детето се одбележува во знак на сеќавање на 20 ноември 1989, кога е усвоена Конвенцијата на ОН за правата на детето, која на едно место ги собра сите човекови права кои им се признати на децата како посебна група, што било новина во меѓународното право.

На Конвенцијата на ОН за правата на детето и претходеше Декларација за правата на детето во 1959 година, како прв документ во светот кој исклучиво и целосно се занимава со правата на детето.

Вложувањето во децата е вложување во иднината – ова е чест слоган на ОН кој се однесува на детската популација. Меѓутоа наспроти конвенциите и декларациите, децата денес во поголемиот дел од Планетата стануваат жртви на разни облици на насилство, оружени судири, трговија со бело робје, експлоатација со разни облици, од илегална работа до сексуално искористување...

Во 25 најсиромашни земји на светот, детето кое ќе се роди денес, нема да доживее 50 години, додека бебињата родени во развиените и богати земји ќе наполнат 78 години.

Повеќе од 153 милиони деца, помлади од пет години моментално се на работ на смртта поради глад, а секоја година најмалку шест милиони дечиња не го дочекуваат петтиот роденден поради неисхранетост и болести предизвикани од глад.

Поразителен е податокот дека секоја година повеќе од 150 милиони девојчиња и скоро 80 милиони момчиња ширум светот се жртви на сексуално насилство, додека помеѓу 133 и 275 милиони деца се сведоци на семејно насилство.


Податоците доаѓаат од:
http://www.star.taratur.com/node/1628