
Музичките продавници ширум светот одбиваат на своите полици да го стават најновиот албум од Трејси Мороу, попознат како Ice T. Причина е насловната фотографија на неговиот најнов албум "Gangsta rap", на кој позира гол заедно со својата сопруга – стриптизерката Коко (Coco, со вистинско име Nicole Austin).
48-годишниот рапер, често именуван и како еден од изворните претставници на тврдиот уличен рап, ќе мора да избира помеѓу две опции: или преку „клучните делови“ на насловната ќе залепи налепници или продавниците ќе ја бојкотираат продажбата на првиот албум кој го издаде во последниве седум години.
„Што да ви кажам, правам вакви работи веќе со години. Треба да ги видите фотографиите на кои ногата на мојата жена не е на мене!“, популарниот рапер не изрази претерана загриженост поради можниот бојкот.

