
Моментално најдобриот светски фудбалер Роналдињо и најдобриот кошаркар на сите времиња Мајкл Џордан се сретнаа во Барселона, за време на европската турнеја на летечкиот Џордан.
Бразилскиот ас изјави дека од мали нозе му се воодушевувал на Џордан и дека средбата со „летечкиот“ за него претставува исполнување на детскиот сон.
„Знам дека многу мои пријатели би посакале сега да се овде. Имам голема чест што го запознав Мајкл Џордан“, воодушевено изјави Роналдињо.
„Сјајно се чувствувам кога ќе слушна дека сум успеал да оставам трага во спортот. Драго ми е ако сум успеал со своите потези да го инспирирам да прави големи дела на фудбалскиот терен“, одговори со иста мера најдобриот светски кошаркар на сите времиња.
