Британските тинејџери се сексуално најактивни во Европа и веќе треба да се започне со учење на децата за контрацепција, за да се смали проблемот на тинејџерски затруднувања, покажаа резултатите на неодамнешното истражување.
Студијата која ја спроведе Институтот за истражување на јавна политика (IPPR) откри дека 38 посто од британските тинејџери имаат сексуални односи во периодот 2001 и 2002 година. Во Полска таа бројка изнесува 15 проценти, а во Шпанија 16.
Освен тоа, Велика Британија има најголем процент на случаи во кои тинејџерките раѓаат – 26 породувања на 1000 жени на возраст од 15 до 19 години.
Сексуално преносливите болести како кламидија и херпес исто така се во пораст меѓу младите, со оглед на тоа што секој трет 15-годишник признал дека не користел кондом при сексуалниот однос.
IPPR тврди дека и покрај владините иницијативи за борба против тинејџерските бремености, напредокот е спор.

Затоа ги повикува властите повеќе да се учат децата за важноста на контрацепцијата во последната година од основното образование, каде што учат деца на возраст од 10 и 11 години.