|

Научниците одамна утврдија дека повисоките луѓе заработуваат повеќе од ниските, но новата студија, втемелена на две британски и едно американско истражување покажа и зошто е тоа така.
„Веќе од третата година - многу порано откако почнува школувањето – во текот на детството повисоките деца подобро ги решаваат когнитивните тестови“, се наведува во студијата на научниците од Принстон.
Заклучоците на студијата се темелат на две британски истражувања во кои се следени деца родени меѓу 1958 и 1970 година и една американска студија за поврзаноста на висината и изборот на занимање.
Поранешните истражувања покажаа дека повисоките луѓе подобро заработуваат бидејќи имаат поголема самодоверба, подобро здравје и немаат проблем со општественото и социјалното прифаќање.
Во новата студија, меѓутоа, се тврди дека не станува збор само за тоа. „Како што растат, повисоките избираат подобро платени работни места во кои се потребни поголеми вербални и нумерички вештини, како и поголема интелигенција“- се заклучува во студијата.
|