|

Со оглед на денешните стандарди за пристојност, парадата на топлес моторџики не претставува неморален чин, оцени полицијата. Дваесетина девојки ги покажаа своите квалитети на мотори.

Околу 20.000 луѓе претежно мажи се собраа во главната улица Оукленд во Велингтон за да ја проследат топлес парадата наречена "Boobs on Bikes", на порно актерите кои мораа да бидат топлес и да се возат или на мотоцикл или во еден од двата стари тенкови. 
Steve Crow, кој ја организираше парадата, вели дека тоа го направил за да покаже дека Нов Зеланд е слободна земја. 
Полицијата претходно соопшти дека со оглед на денешните стандарди, парадата на разголени девојки нема да претставува непристоен чин.
Иако девојките беа со голи гради, сепак носеа кациги и цела опрема во склад со сообраќајните прописи. 
Госпоѓава смета дека се работи за „одбивна сексуална перверзија“ Топлес варијантата е дозволена од страна на законот, но сепак, освен учениците и љубителите на порно спектаклите имаше и 4 000 незадоволни луѓе. Градоначалникот смета дека ваквата парада гради лош имиџ за градот. 
Организаторот на моралните им порача, да не гледаат ако не сакаат, чиста класика. Дека се стеснува просторот за движење и делување на моралните луѓе, докажува и фактот дека полицијата интервенираше кај луѓето кои протестираа затоа што голите беа заштитени со закон. 




|